Трипати пониско од просекот за мај е нивото на реката Црн Дрим, покажуваат денешните хидролошки мерења кај Ложани.
Како што информира УХМР, нивоата на сите реки се под мајскиот просек.
Преполовени се нивоата на Лепенец кај Скопје, на Вардар кај Велес, на Треска кај Македонски Брод, на Крива Река кај Крива Паланка и на Бабуна кај Богомила.
Водостоите, пак, на езерата, Охридско, Преспанско и Дојранско езеро е во рамки на просекот.