Не фрлајте градежен отпад во контејнерите

112

Еко-патролата на ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје изминатите неколку дена, во скопската оштина Чаир регистрираше огромно количество неправилно одложен градежен отпад во контејнерите поставени на улицата Благоја Паровиќ. Екипите на Претпријатието беа приморани рачно да го извадат градежниот отпад од садовите, за да може да го префрлат и транспортираат со соодветни возила, соопшти Претпријатието.

– ЈП „Комунална хигиена“ ги информира граѓаните дека, според Законот за јавна чистота, отпадот којшто се создава при извршувањето на градежните активности или реновирањето на живеалиштата, не смее да се одложи во садовите за отпад поставени на јавни површини.  Градежниот отпад може трајно да ги оштети овие садови, како и специјалните комунални возила, а со тоа да предизвика и сериозни проблеми при
собирањето и транспортот на комуналниот отпад во градот, стои во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...