Не сте авторитарни, ама смешни сте!

Остајте им ги шлемовите на војниците и на генералите. Не делувате авторитарно, да се разбереме, ама ептен самобендисано и смешно. 

3293

Договорот со Грција е една од најдобрите работи што се случиле во МК и ворегионот.

Тоа се слави, не со шлемови да глумиш нешто што не си. Остајте им ги шлемовите на војниците и на генералите, тој шлем е дел од униформа која не ѝ припаѓа на власта, туку на државата.

Во диктатурите, тираните секогаш носат униформа, или симболичен дел од неа.

Од демократите и просветлените социјалисти, само Черчил и Тито ја имале таа чест, на една небанална и директна идентификација со војската и со државата.

Ќе речат на вежба биле, па заштита. Јебеш тоа. Ќе речат институционална поддршка. Јебеш и тоа.

Смешни сте, правите политичка пропаганда и тоа е премногу очигледно.

Не делувате авторитарно, да се разбереме, ама ептен самобендисано и смешно.

Во воени услови, на воено поле, политичкото лидерство да не се разликува од војниците, не е обична формалност, туку безбедносна мерка.

Ова е само вежба, другари…

(ФБ статус на авторот)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...