Не ставајте паста на пенисот, тоа не значи подолг секс

898

Мажите сѐ почесто бараат нетрадиционални начини за подолг сексуален чин и избегнување предвремена ејакулација.

Последниот интернет-мит околу тоа, којшто потекна од Британците, вели дека ако мажот го мачка пенисот со паста за заби, ќе биде поиздржлив од партнерката.

Поради замавот на тој тренд, лекарите тврдат дека тоа не е научно докажано, а некои од нив пак, и целосно ги отфрлаат тие уверувања. Се предупредува и дека хемискиот состав на пастата е исклучително опасен за здравјето на мажот, а втривањето на пенисот може да предизвика воспаленија и пликови на пенисот.

Поради физичкиот контакт, следствено, тоа е штетно и за жената и за нејзиното сексуално здравје.

Што се однесува до проблемот со предвремената ејакулација, лекарите советуваат тоа да се третира со веќе испитани средства. А, доколку и тоа не помогне, обратете се кон специјалист.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...