Не смеат да се користат мобилни и фотоапарати за снимање на избирачите и на изборниот материјал

Гласање за друго лице е забрането, освен во случаите предвидени во членот 112 од Изборниот законик, односно избирачот кој има физички недостаток или е неписмен и поради тоа не може да гласа на начин утврден со овој Законик, со себе има право да доведе лице кое ќе му помогне при гласањето.

329
За шестите претседателски избори и предвремените локални избори во Охрид, Дебар и Ново Село што треба да се одржат утре, избирачот може само еднаш да се појави на гласачкото место за остварување на своето избирачко право. Избирачот добива едно гласачко ливче за избор на претседател, а во трите општини и едно ливче само за избор на градоначалник, со оглед дека  советите се конституирани на редовните локални избори.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...