Не се откажува, „летечкиот човек” пак ќе се обиде да го прелета Ла Манш

203
ФОТО: МИА

„Летечкиот човек”, Французинот Френки Запата повторно ќе се обиде да го прелета Ла Манш на „флајбордот”, којшто инаку е негов изум. Неговиот прв обид пред неполна седмица, заврши на половина пат.

Сопругата на пронаоѓачот, Кристел денеска изјави дека тој повторно ќе проба да го прелета 36 километри широкиот теснец меѓу Франција и Англија.

Минатата седмица, при својот прв обид, Запата ја промаши платформата за слетување на брод каде што требаше да дополни гориво, на 20 километри пат. Така, тој сега ќе мора неговата „даска за летање“ да ја направи поголема, специјална и различна од оние што тој им ги продава на љубителите на водени спортови.

Моторот на флајбордот работи на керозин. Авантуристот го носи резервоарот на грб, додека стапалата му се прицврстени за даската.

ФОТО: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...