Не само изјавите за ДИК, Џафери ги откажа сите активности и замина за Косово

Попладнево беше предвидено тој да се сретне и со романската премиерка Виорика Данчила која денеска е во официјална посета на Република Македонија, но на средбата со неа сега ќе присуствува потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски.

1166

Сите активностите на претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, закажани за денеска, нема да се одржат, соопштија од неговиот кабинет.

Причината како што наведуваат е што Џафери ќе присуствува на комеморативната седница во Собранието на Косово за починатиот косовски активист за човекови и национални права, Адем Демачи.

Меѓу денешните активности на Џафери беа и тоа што пред него новите членови на ДИК требаше да дадат свечени изјави, а за попладнево беше предвидено тој да се сретне и со романската премиерка Виорика Данчила која денеска е во официјална посета на Република Македонија.

На средбата со Данчила ќе присуствува потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски.

Давањето свечени изјави новите членови на ДИК ќе се одржи на 30 јули (понеделник) во 10 часот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...