На брачен пар, муслимани, им е одбиено барањето за добивање на швајцарско државјанство бидејќи одбиле да се ракуваат со лице од спротивниот пол за време на интервјуто.
Во образложението за одбивањето на барањето, се наведува дека со тоа мажот и жената одбиле да се интегрираат во швајцарското општество и да го испочитуваат спротивниот пол.
Одговорните лица навеле дека, лицата кои сакаат да добијат швајцарско државјанство мора да бидат добро интегрирани во швајцарското општество и да покажат приврзаност кон Швајцарија.