Не помина предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за амнестија на крвавиот четврток

726

Пратениците со 50 гласа против не изгласаа да се расправа за предлог законот за амнестија на лицата обвинети, осомничени и осудени за собраниските настани од 27 април, предложен од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Никола Мицевски, кордонатор на ВМРО-ДПМНЕ, потсети дека предлогот на закон за амнестија по скратена постапка е доставен пред неколку дена, а дека спротивно на законските прописи, собранискиот спикер Талат Џафери не го предложил за дневниот ред на денешната седница.

– Сведоци сме дека седум, осум закони поминаа по скратена постапка денеска, иако информациите за нив ги добивме предмалку – реагираше Мицевски потсетувајќи на интенциите за политичко помирување иницирано од премиерот Зоран Заев.

Тој порача дека поддршката на овој закон е во насока на помирување, а во спротивно ќе значи дека сѐ било политикантство и играње со нечии судбини.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...