Не пијте вода од чешмите во џамијата и во Долно Нерези

593

Согласно решението на Агенцијата за храна и ветеринарство, овластениот инспектор за животна средина при Општина Карпош се обрати до населението со известување за забрана за снабдување со вода наменета за пиење од две чешми во Нерези.

Водата од чешмата во дворот на џамијата во Нерези и јавната чешма на кривината во село Долно Нерези не се безбедни за пиење и претставуваат опасност по здравјето на човекот.

Ваквата состојба со водата од двете јавни чешми во Нерези е утврдена по инспекцискиот надзор од страна на Државниот инспектор за храна од подрачната единица Скопје, при Агенцијата за храна и ветеринарство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...