Граничниот премин Ново Село – Златарево е затворен за сообраќај поради пожар што избувнал попладнево околу 16 часот, на бугарска страна, на самиот граничен премин, соопшти Министерството за внатрешни работи.
– Граѓаните кои сакаат да патуваат во Република Бугарија да ги користат останатите гранични премини до добивање на известување од бугарска страна дека граничниот премин ќе може да се користи повторно – се вели во соопштението од МВР.