Велика Британија во текот на изминатата деценија разви култури на „дигитална зависност”, така што повеќето луѓе мора постојано да бидат поврзани на интернет, објави националната агенција за телекомуникации во годишниот извештај.
Во просек, Британците ги проверуваат своите паметни телефони на секои 12 минути, а 40 проценти од возрасните пго проверуваат мобилниот телефон во првите пет минути по будењето, наведува Офком во извештајот.
Шеесет и пет проценти на лица помлади од 35 години посегнуваат по телефонот веднаш штом ќе отворат очи наутро, а 60 отсто од го користат до пет минути пред да одат на спиење, се вели во извештајот насловен како „Деценија на дигитална зависност.”
Бројот на сопственици на смартфони во Велика Британија од 17 отсто во 2008 година, се зголеми на 78 проценти во 2018 година, или 95 отсто меѓу населението на возраст меѓу 16 и 24 години