Не им платила за наводни лекови, ја држеле во заложништво со партнерот

549

Скопјанката В.Р. (52) на 7. јули годинава во ПС Карпош, пријавила дека таа и нејзиниот партнер С.С. биле малтретирани и присилно држани од лицата А.С., Е.Н. и Е.М. кои им одзеле и пари и накит откако таа не им платила за наводни лекови кои тие и ги набавиле и кои требало да ја подобрат нејзината здравствената состојба.

Веднаш по добиената пријава, преземени се мерки и приведени се Е.К: (39) и А.С. (39) и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...