Сигурно сите знаеме дека шеќерот е најлошиот непријател кога станува збор за здравјето, но што точно му прави на нашиот организам?
Според научните истражувања, шеќерот не само што е лош за здравјето, туку и го забрзува процесот на стареење. Со стресната работа, скапите козметички производи со кои ја негуваме кожата, лошото здравје и забрзаното стареење, зарем не е време да престанеме да консумираме шеќер, ако не целосно, тогаш барем да го сведеме на минимум?
Сепак, во денешниот свет, тешко е да се најде храна која воопшто во себе нема шеќер или некој засладувач. Поради тоа, секој пат кога јадеме нешто слатко, нашиот мозок ја памти таа храна како вкусна и пријатна. По извесно време, и по изедени преголеми количини шеќер, нашиот мозок станува зависен од него. Истата работа се случува и кога консумираме премногу алкохол, пушиме цигари и слично.
Наскоро, мозокот станува толерантен на шеќерот и потребно му е уште повеќе слатка храна. Што значи дека нема да можете без слатки, а што ќе резултира со лошо здравје, забрзано стареење, лоша кожа и слично.
Затоа, сега знаете дека е крајно време внесот на шеќер да го сведете на минимум.