Не е доцна да се придружите: гответе локално, воздржете се од месо, не фрлајте храна!

Слоу Фуд Македонија и сите кои се држат до принципите на Слоу фуд се дел од акцијата на активистите на Слоу Фуд ширум светот кои од 16 до 22 октомври ја промовираат борбата против климатските промени преку изборот на храна

1103

По повод Светската недела на храната оваа година, од 16-22 октомври Слоу Фуд промовира неделна посветеност во која нејзината мрежа на активисти ширум светот презема конкретни мерки за намалување на емисиите на CO2.

Глобалното затоплување сега е реалност. Производството и дистрибуцијата на храна претставуваат една петтина од светската ‘треска’ (Ar5 IPCC 2014, ФАО 2015). Со оглед на оваа реалност, Слоу Фуд ги поттикнува луѓето насекаде – а особено во земјите со висок индекс на развој – да ги променат своите навики во исхраната.

Луѓето често се чувствуваат немоќни во услови на глобално ниво на климатските промени и нивните трагични последици. Почнувајќи од храната, секој од нас може да помогне во спречувањето на овој феномен. За да се демонстрира ова, Слоу Фуд ја започна неделата на промени како дел од кампањата „Храна за промени”, која започна на 24 септември на крајот на „Тера Мадре Салоне де Густо” и ќе продолжи до крајот на оваа година.

Прочитајте повеќе ТУКА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...