Не е време за политички игри, им порачал Хан на Мицкоски и другите лидери

705

Еврокомесарот Јоханес Хан на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и на другите лидери им порачал дека станува збор за референдум за иднината на земјата и целата оваа ситуација не смее да се претвори во нешто што претставува политички настан.

– Ова не смее да се исполитизира, политичките партии треба да се воздржат од употребување на ова за партиски цели и секој да одучи за сопствените интереси. Не е време да се играат политички игри, тоа беше мојата порака кон сите лидери, тоа му го кажав и на премиерот. Важно е да се мотивираат сите да учествуваат и да го остварат своето демократско право. Би сакал колку што е можно повеќе граѓани да учествуваат на овој референдум зашто тоа е сигнал кон меѓународна дека луѓето го искористуваат своето право – рече Хан одговарајќи на новинарско прашање која е пораката која му ја пренел на Христијан Мицкоски и каков е неговиот став за ставот на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните сами да одлучат како ќе постапат на 30 септември.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...