„Нејшнл инквајерер” плати 30.000 долари за непотврдена информација за Трамп

Неделникот „Нејшнл инквајерер" му платил 30.000 долари на поранешен портир на облакодерот „Трамп тауер", кој тврди дека претседателот на САД Доналд Трамп има вонбрачно дете со една од своите службенички.

130

Неделникот „Нејшнл инквајерер” му платил 30.000 долари на поранешен портир на облакодерот „Трамп тауер”, кој тврди дека претседателот на САД Доналд Трамп има вонбрачно дете со една од своите службенички. Информацијата не е потврдена, но, сепак, вчера беше објавена во списанието „Њујоркер”.

Главниот уредник на „Нејшнл инквајерер”, Дилан Хауард призна за плаќањето во напис објавен во „Рејдар онлајн”.

Сепак, групата „Американ медиа инкорпорејтед”, која е сопственик на неделникот, одрекува дека платила за ексклузивни права за информацијата со цел да ја сокрие. Одлуката да не се објавува податокот е донесена по проверката која укажала на тоа дека тој не е веродостоен.

Податокот се однесува на засега неидентификуваната наводна ќерка на Трамп, која денес би требало да има 29 години.

Авторот на статијата во „Њујоркер” споменува дека информациите за врската на Трамп со службеничката, како и за детето, се непотврдени. Но, се наведува и дека „Дејвид Пекар, извршен директор на ’Американ медиа инкорпорејтед‘, неколкупати го прикривал Доналд Трамп, со кого е близок пријател“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...