Нејмар не е на списокот засилувања во Барселона

116

Претседателот на Барселона, Џозеф Марија Бартомеу, ги отфрли гласините за можно враќање на Нејмар.

– Никогаш не сум зборувал за враќање во Барселона ниту со Нејмар ниту со неговиот татко. Станува збор за играч на ПСЖ, и јас не мислам дека парискиот клуб планира да продава играч како него. Ние планираме да се подготвуваме за следната сезона, но Нејмар не е на нашите списоци – соопшти Бартомеу.

Претходно во медиумите се појавија информации за можно враќање на бразилскиот напаѓач во Барселона.

Во тековната сезона, Нејмар одигра 23 натпревари за ПСЖ, постигна 20 гола и оствари 11 асистенции.

Бразилецот во 2017 година направи трансфер од Барселона во ПСЖ за рекордни 222 милиони евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...