Нејмар може да го откаже учеството на Копа Америка поради проблемите во приватниот живот

123
ФОТО: EPA / YOAN VALAT

Потпретседателот на Бразилската фудбалска конфедерација, Франсиско Новејето навести во интервју пред „СБТ“ дека постои веројатност Нејмар да одбие учество на Копа Америка.

Тој сподели надеж дека, со оглед на проблемите во приватниот живот на напаѓачот, тој самиот ќе побара да биде ослободен, бидејќи не е максимално концентриран.

– Ако Нејмар одлучи да учествува во Копа Америка, тој нема да биде целосно фокусиран. Тој покажа голема желба за време на Светското првенство во 2018 година. Замислете сега со овој емоционален набој. Мислам дека сите ќе победат, ако одлучи да не учествува, рече Новејето.

Потсетуваме дека Нејмар е обвинет за силување од непозната жена. Претходно пак фудбалерот на Пари Сен Жермен се вмеша во скандал со фан во Франција, кого го удри додека навивачот се обидуваше да го снима. Поради овој инцидент, најскапиот фудбалер во историјата доби строга казна, а во Бразил му беше одземена капитенската лента.

Копа Америка, која се игра во Земјата на кафето, започнува на 14-ти јуни и ќе трае до 7-ми јули.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...