Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Нејмар, кој се опоравува од повредата, го спореди нивото на Лига 1 и шпанското првенство, пишува „Лe10спорт“.
– Се согласувам со Роналдињо: оние кои ја сметаат Лига 1 за слаба, грешат. Туку физичката подготвеност е на многу високо ниво. Повисоко отколку во Шпанија. Во Ла Лига има поголем квалитет, но Лига 1 е тешко натпрварување. Играте против две линии, кои се од по четири фудбалери од два метри и не е лесно. Мораме да најдеме решение во моментот – рече Нејмар.
Во тековната сезона, 27-годишниот Бразилец учествуваше на 23 натпревари на ПСЖ, постигна 20 гола и даде 11 асистенции.