Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Нејмар се опоравува од повредата на коленото и треба да започне со тренинзи со тимот на почетокот од следната недела.
Според „Фигаро“, дефанзивецот Тома Муние исто така се опоравил од повредата и се вратил во главната група.
Во исто време, играчите од средниот ред Марко Верати и Андер Ерера продолжуваат да бидат аут од составот.
Италијанецот треба да се врати на тренинзите до крајот на следната недела, а датумот за опоравување на Шпанецот сè уште не е утврден.
ФОТО: EPA / IAN LANGSDON