Нејмар вo 2020 година ќе тежи 160 милиони евра

86

Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Нејмар, може да го напушти францускиот клуб на лето 2020 година. Како што објави „АС“, тогаш во договорот на Бразилецот, можно е да се активира откупната клаузула во износ од 160 милиони евра.

Според изворот, Барселона, која е заинтересирана за враќање на Нејмар на „Камп Ноу“ ќе може да ја искористи оваа опција, секако доколку се сложи и Бразилецот.

За потсетување, Нејмар ја напуштил Барселона во 2017 година за 222 милиони евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...