Нетанјаху со сопствен ТВ канал на Фејсбук, кој „ќе го исфрли лажното од вестите“

124
EPA/JIM LO SCALZO

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху отвора сопствен ТВ канал на Фејсбук, со цел да ги дистанцира главните медиуми и да обезбеди реално известување пред претстојните предвремени избори.

„Ликуд ТВ“ ќе емитува вести секоја вечер во 19 часот по локално време до гласањето на 9 април под парола „Го исфрламе лажното од вестите“.

Тоа се толкува како настојување на Нетанјаху да ги заобиколи традиционалните медиуми за кои смета дека се вклучени во координирани напади против него.

– Секој што го фалат медиумите е лош за Ликуд и обично секој што го распнуваат е добар за Ликуд – изјави Нетанјаху во своето прво појавување на каналот, говорејќи за својата конзервативна партија.

Отворањето на каналот е координирано со објавувањето на видеото на Нетанјаху за кампањата минатиот викенд.

Израелските коментатори веднаш ја истакнаа сличноста меѓу кампањата на Нетанјаху и таа на американскиот претседател Доналд Трамп.

„Џерусалем пост” објави дека „Ликуд ТВ“ „се чини дека го следи моделот (на Трамп) Рил њуз апдејт (Real News Update)” чија цел е да ја поддржи кампањата за реизбор на Трамп пред гласањето во 2020 година.

Таквиот потег, меѓу другото, е прокоментиран како главна стратегија на кампањата на Нетанјаху и засега е единствена, медиумите да се претстават како непријатели.

ФОТО: EPA/JIM LO SCALZO

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...