Нетанјаху: Израел има „инкриминирачки” документи за иранската нуклеарна програма

289

Израел откри десетици илјади документи со „инкриминирачки” информации за иранската нуклеарна програма, соопшти денеска израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на прес-конференција во Тел Авив.

Нетанјаху рече дека по потпишувањето на иранскиот нуклеарен договор со светските сили во 2015 година, Техеран ги сокрил документите што содржеле информации за нуклеарна програма со која се развивал еквивалент на „пет бомби како онаа од Хирошима, што можат да бидат поставени на балистички ракети”.

– Иран на највисоко ниво планираше да продолжи со изградба на нуклеарно оружје – рече Нетанјаху.

Тој додаде дека информациите се потврдени од страна на САД.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...