Нестабилно со дожд и грмежи

405

Денеска ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Поинтензивни процеси се очекуваат попладне во источните делови, каде локално ќе има пообилен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град.

Минималната температура ќе се движи од 13 до 20 степени, максималната од 24 до 32 степена.

УВ индексот ќе изнесува седум.

Во Скопје, ќе биде променливо облачно околу пладне и попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи, со температура од 18 до 29 степени.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...