Нестабилно време со пороен дожд, грмежи и северен ветер

Во Скопската котлина ќе продолжи да биде ветровито со засилен северен ветер, а до крајот на денот ќе има и појава на пороен дожд и грмежи, информираат од УХМР.

852

Времето до крајот на денот ќе биде умерено до значително облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на невреме со појава на град и силен ветер.

Во Скопската котлина ќе продолжи да биде ветровито со засилен северен ветер, а до крајот на денот ќе има и појава на пороен дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Времето утре ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд и грмежи, претежно во јужните делови. Ќе биде значително посвежо и ветровито со умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20, а максималната од 26 до 33 степени.

Во Скопје променливо облачно и ветровито со засилен северен ветер и температура од 18 до 28 степени.

Во петок сѐ уште ќе има услови за локален дожд. Од сабота следува период на стабилно време со постепен пораст на температурата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...