Нестабилно време пред продолжениот викенд

560
20130225 Monday 1056 dozd nevreme vrne vrnezi

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со обилен пороен дожд, ќе има електрични празнења и услови за изолирана појава на град. УВ индексот ќе биде 7.

Минималната температура ќе се движи од 10 до 15 а дневната највисока температура на воздухот од 22 до 29 степени.

Во Скопје исто так апроменливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветерод југоисточен правец. Температурата ќе се движи од 14 до 27 степени.

И утре ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со обилни врнежи од дожд. Потоа од петок ќе биде претежно стабилно и потопло, во попладневните часови со ретка појава на краткотраен дожд.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...