Девојчето кое што вечерва падна во водите на реката Вардар во Гостивар, е најдено без знаци на живот во близината на Балиндол, пишува „Гостиварпрес“.
Телото било пронајдено од жители на селото, а било извлечено од полициски служби. Лекарите констатирале смрт.
Се очекува на терен да излезе и јавен обвинител кој ќе изврши увид. Исто така се очекува од МВР повеќе детали околу овој случај. Неофицијално девојчето бегало од глутница кучиња, при што паднало во водите во Вардар.