Несогласувања меѓу власта и опозицијата во Грција, откако венецуелскиот владин авион слетал во Атина

349

Во голема тајност, без претходно да биде доставен план за летање, владиниот авион на Венецуела, со ознаката YV2486 во саботата напладне слета на аеродромот „Елефтериос Венизелос“ во Атина, објави грчката телевизија „Скај“, повикувајќи се на ексклузивни информации, вест која предизвика нови несогласувања меѓу власта и опозицијата во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Според прилогот на ТВ „Скај“, во владиниот авион се наоѓал министерот за надворешни работи на Венецуела, Хорхе Ареаса кој на атинскиот аеродром остварил и некаква средба.

Откако од неколку европски земји одговорот на барањето на венецуелскиот владин авион да слета за да се снабди со гориво, бил негативен, Грција дала зелено светло и дала дозвола во саботата да слета на атинскиот аеродром во 14 часот, но наместо побараниот еден час за снабдување, венецуелскиот владин авион, полетал по четири часа, објави „Скај“.

Повикувајќи се на информациите од прилогот на грчката телевизија, од Нова демократија излегоа со соопштение.

– Прашањата до владата се очигледни: која е точната причина за дадената дозвола за слетување на авионот, кога повеќето европски земји одбиле и со кој точно се сретна претставникот на Мадуро? – прашуваат од Нова демократија.

Грчки владини извори го потврдуваат слетувањето на авионот, но велат дека од Нова демократија присвојуваат „теории на заговор“.

– Од слетувањето на авион кој доаѓаше од Азија, на аеродромот „Елефтериос Венизелос за да се снабди со гориво, „Скај“, направи теорија на заговор – коментираат грчките владини извори, јавува МИА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...