Непрописно претекнување причина за сообраќајката во Битола

502

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола изврши увид на лице место каде синоќа се случи сообраќајна несреќа во која животот го загубија две лица. По дадени наредби од страна на надлежниот јавен обвинител обезбедени се и прибрани траги од лице место. Дадена е и наредба за вршење на сообраќајно-техничко вештачење, како и за вршење на обдукција на починатите лица.

Како што соопштија од Јавното обвинителство на РМ, првичните сознанија посочуваат дека до несреќата дошло откако патничко моторно возило марка Ауди А6 во кое како возач и совозач се наоѓале сега починатите, се обидело да претекне друго патничко моторно возило Голф со регистарски ознаки од Ресен.

– Движејќи се кон Битола, при обидот за претекнување, а поради неприлагодена брзина на движење на возилото, патничкото возило Ауди удрило во товарно моторно возило – цистерна Мерцедес кое се движело во сообраќајната лента од спротивната насока. Од силината на ударот, на лице место животот го загубиле возачот и совозачот на моторното возило Ауди, родени 1984 година и 1991 година, двајцата жители на село Канатларци, прилепско, соопшти ЈОРМ.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...