Дизниевиот хит „Малата сирена“ ќе добие филмска верзија, а веќе е избрана и актерката која ќе влезе во главната улога.
Хaли Бејли ќе влезе во улогата на сирената Ариел. 19-годишната пејачка со илустрација и кратка порака ја сподели веста.
„Остварување на сонот“, напишала таа.
Почетокот на снимањето се очекува наредната година.
Од друга страна пак, изборот Хале Бејли да ја толкува улогата на Ариел предизвика бројни негативни реакции на социјалните мрежи најмногу поради разликата на бојата на кожа од хероината на филмот и актерката.