Необично и „безобразно“: Зошто Меган и Хари на синот му го дадоа името Арчи Харисон?

Името Арчи последните неколку години е сè попопуларно помеѓу Британците и, според податоците на Заводот за национална статистика на Велика Британија, во 2017 година било едно од 20-те најпопуларни имиња за момчиња во оваа земја.

944

Принцот Хари и Меган Маркл новородениот син го нарекоа Арчи Харисон Маунтбатен-Виндзор, име кое британските медиуми веќе го нарекоа „неформално“, пишува „Индекс.хр“.

Зошто војводата и војвотката од Сасекс се одлучиле токму за тие имиња?

„Дејли мејл“ пишува дека Арчи е скратена верзија од традиционалното шкотско име Арчибалд што означува „верен, одважен и храбар“. За разлика од многуте други потомци на кралското семејство, малиот Арчи има само едно средно име – Харисон.

Како што веќе воочиле фановите на кралското семејство на социјалните мрежи, ова име со абориџинско потекло буквално означува „син од Хари“.

Името Арчи последните неколку години е сè попопуларно помеѓу Британците и, според податоците на Заводот за национална статистика на Велика Британија, во 2017 година било едно од 20-те најпопуларни имиња за момчиња во оваа земја. Арчи има еден имењак во своите предци, и тоа од семејната страна на принцезата Дајана.

Станува збор за Арчибалд Кемпбел, кој ја носел титулата деветти гроф од Аргил, Шкотска.

Име кое ги соединува САД и Велика Британија

Иако членовите на кралското семејство инаку за свои потомци избираат имиња од релативно мала група на имиња кои порано ги носеле нивните предци, од почетокот било јасно дека Хари и Меган ќе тргнат по сосема поинаков пат. Во британските таблоиди и пред раѓањето на детето се појавила информација дека кралската двојка размислува за име невообичаено за член на кралското семејство како и за име кое ќе биде релевантно и за Велика Британија и за САД.

вСиџеј Лјунгстром од „ChannelMum.com“ за „Дејли мејл“ рекла: „Иако двете имиња се невообичаени во кралските кругови, Арчи е прекрасен избор бидејќи ги обединува раскошот и традицијата, но ги одразува и малку „безобразните“ особини на Хари.“

– Харисон, исто така, совршено го обединува американскиот и генерално трендот на Комонвелтот за користење на презимињата како имиња – смета таа. „Имињата делуваат благородно и кралски, но имаат и топла, грижлива страна, токму каква што е и самата двојка“, заклучила Сиџеј.

Арчи нема да поседува службена титула како неговите роднини, децата на принцот Вилијам, туку ќе го ословуваат со „Мастер Арчи“.

Инаку, името Арчи на премногу сладок начин е поврзано и со малиот принц Џорџ кој во една прилика открил дека неговиот прекар е токму – Арчи.

Меган и Хари направиле сè на свој начин

За разлика од своите претходници, Меган и Хари одлучиле синот на светот да му го покажат под свои услови. Тоа го направиле два дена по породувањето (не на истиот ден), во дворецот Виндзор (не пред болницата) како и пред помала група медиуми, меѓу кои била и американската ТВ-куќа Си-би-ес, каде што работи блиската пријателка на Меган, Гајл Кинг.
Тој потег веќе успеа да предизвика бројни критики меѓу кои се најдоа и некои кои доаѓаат од некогаш блиски луѓе на кралското семејство.

– Ова е магија. Ги имам двајцата најдобри момчиња на светот. Малиот има пресладок темперамент. Многу е мирен. Сон на соништата – рекла Меган во текот на претставувањето на синот на јавноста.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...