Необичен протест во Остриц – го купиле сето пиво, во знак на протест поради неонацистички фестивал

Полицијата заплени 4.200 литри пиво во петокот и уште 200 литри вчера.

432

Противниците на неонацистичкиот фестивал во источниот германски град Остриц вчера смислија необичен начин на протест – го купија сето пиво од продавниците.

Акцијата уследи откако полицијата забрани алкохол на екстремно десничарскиот фестивал „Schild und Schwert Festival“ во хотел каде се собраа околу 500 неонацисти во петокот и вчера.

Полицијата заплени 4.200 литри пиво во петокот и уште 200 литри вчера.

На улиците на Остриц 300 лица мирно маршираа во знак на протест поради десничарскиот фестивал, а локалното население се организира и купи повеќе од 100 гајби пива од продавниците во градот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...