На свечена церемонија синоќа во Скопје, Кошаркарската федерација на С. Македонија ги прогласи најдобрите за 2019 година.
КФСМ подели награди во повеќе категории, а главната, отиде во рацете на Ненад Димитријевиќ, кој настапува за Хувентуд.
Најдобри за 2019 година во избор на КФСМ во следниве категории:
Женска младинска екипа: Бадел 1862
Машка младинска екипа: МЗТ Скопје Аеродром
Тренер на женска младинска екипа: Владимир Ѓоровиќ
Тренер на машка младинска екипа: Горан Крстевски
Млада кошаркарка: Илина Селцова
Млад кошаркар: Андреј Јакимовски
Судија: Александар Милојевиќ
Женска сениорска екипа: ЖКК Вардар
Машка сениорска екипа: МЗТ Скопје Аеродром
Тренер во женска сениорска екипа: Жаклина Стојановска
Тренер во машка сениорска екипа: Ѓорѓи Кочов
Тренер во странство: Емил Рајковиќ
Кошаркарка: Александра Стојановска
Кошаркар: Ненад Димитријевиќ
Селекција: Машката репрезентација до 16 години.