Ненадејно почина ѕвездата на „Американска хорор приказна“ на 27 години ФОТО

Иако е роден како маж, Хари тврдел дека се пронаоѓа во „мешањето на полоците“, тврдејќи дека луѓето можат да бидат она што сакаат.

1166

Австралискиот актер, музичар и манекен Хари Хајнс починал во понеделникот на 28-годишна возраст. Неговата мајка, актерката Џејн Бадлер (66), ја информираше јавноста.

– Мојот прекрасен син почина на 7 јануари. Имаше 27 години и светот беше под неговите нозе, но за жал, се бореше со тешки психички нарушувања и зависности. Блескавата искра прекратко блескаше… Ќе ми недостасуваш Хари, секој ден од мојот живот“, напишала Џејн на Инстаграм. Таа објавила мноштво фотографии од синот, но причината за смртта не ја открила.

Хари глумеше во драмата „OA“, хит серијата „Американска хорор приказна“, а пееше и под псевдонимот „Антибој“.

Факултет по медицина запишал во Австралија, но набрзо се преселил во Лос Анџелес за да ја започне кариерата на модел, а се занимавал и со поезија, музика и глума.

Иако е роден како маж, Хари тврдел дека се пронаоѓа во „мешањето на половите“, тврдејќи дека луѓето можат да бидат она што сакаат.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...