Ненадејно почина Игор Гонзо Ивановски

3582

Вчера ненадејно почина уште еден доајен во автомобилизмот на нашите простори.

Човек кој беше поим за другарување, секогаш прв да подаде рака кога е најпотребно, секогаш тука кога е потребен совет, секогаш тука со македонските автомобилски клубови, речиси и да не започнуваше ниеден авто-собир без неговиот шарм и говор, но, за жал, на 44-годишна возраст срцето на Гонзо престана да чука.

Зад себе остави успешна сопруга и синче Никола да го продолжи доброто дело горд на тато, Сочувство до фамилијата и најблиските! Вечно царувај во рајските небеса Игоре! објави порталот ПОРТА.мк

Погребот ќе биде извршен на 16.01.2020 (четврток) од 14:00 – 15:00 часот „Капела БУТЕЛ“ – Скопје.

ФОТО Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...