Немој Иванке Василевска Заев да ги враќа условите од 2016–та

Не му било лесно на Груевски, премиере. Ти ниту вода не можеш да му носиш. Жива вода ќе бидеш, па ако сакаш со гаќите од Ивона да го бришеп росното чело. Цела партија да ја собереш нема да најдеш толку „способни кадри“, без трунка морал, жал за својот народ и долна граница. Во тоа вемерето, римската курва Месалина како беден аматер би се чувствувала, да не ми замери Василевска.

4223

Немој, сестро златна, како Бога те молам тоа да го барате од Заева, од тоа ИК на вемерето. Ни во „Само вистина“, ни во само лага или во руска сага: Не го барајте тоа. Знаете ли што барате? Не што е невкусно, туку и опасно и невозможно – за среќа. Ако ви ги врати „условите“, Заев одма мора да стане диктатор.

Најпрво, прислушуваните разговори, за кои рече дека растуриле многу бракови, бизниси и кариери, дека дел од тие разговори биле предадени на косовското подземје и биле користени за уцени, ги направи твојот шеф Груевски и со нивна помош уценуваше, превземаше бизниси, изнудуваше послушност. Косовското подземје е полошо од македонското, со Груевски на чело? Што треба сега? Заев да си направи нови прислушкувања, за да се врати ситуацијата од 2016 – та?

Потоа, од причина што „ВМРО  – ДПМНЕ никогаш не била партија за ситни интереси, клановска партија, издајничка партија, УДБА – шка партија, која со партизаните направила милијарди…“ и СДСМ ќе мора да направи реформи, за да имаш „ситуација“. Тоа веројатно се прави (по примерот на вемерето) со „крупни интереси“ од типот „Миле да не е многу тоа 5%“, со поставување братучеди на кључните места, со вработување десетина илјади Албанци, кои не знаат ниту каде се вработени, со рушење на кредибилитетот на државата пред цел свет, со плукање врз словенството и величање на хеленизмот, со негирање на АВНОЈ – ска Македонија, во име на крволочната и квислиншка вмровската багра – убијци на Македонци. Заев ќе ви ја врати „ситуацијата“ ако започне со такви криминално – моронски мајмунлаци? На пример… да направи проекти како… „мобилен за секое дете“, „ендек за секој новинар“, „непроверен инсулин за секој дијабетичар“, „гласачки подстанар за секое семејство“… Штима? Ти го задоволува вкусот?

Заев да стисне 1000 пати „Ctrl Z

Заев требало да ја „врати ситуацијата“. Ајде премиере, стискај „Ctrl Z“, оди си и стави марионета за премиер. Да, нема да бидеш премиер, ама ќе ја имаш сета власт, а одговорноста ќе биде на друг. Како со оној техничкион премиер, што Грујо го стави на власт, а никој името не му го запомни. Сепак, до крај префрлаше парички на тоа патриотите, моторџиите, уметниците…

Трето, спрема барањата на Иванчето – професорката, Заев ќе има право да подели 70 милиони евра за медиуми, како што правеше и Грујо и неговата салвета – премиер, да го смени директорот на тоа МТВ и на негово место да стави некој недугав, скоро како овој сега. Каде ќе најде време човекот за толку многу „независни медиуми“, за да им даде од 50 до 700 илјади евра од буџетот, за односи со јавноста. Иванчето велеучената вели: Лесно е. „Ctrl Z“ и имаш враќање во времето. Заев стисна само еднаш и го доби сегашниот Центар за комуникации. Ами да стиснеше повеќепати!?

Четврто, Заев ќе мора да стави десетина криминалци на чело на разузнавачките служби, да им даде право да прислушкуваат сè што мрда, да вработи 50.000 партиски типчиња во институциите, кој на лотарија, кој со „превземање“, кој преку „конкурс“, за да гласаат за СДСМ, како што вемерето правеше. Зар не ви се доволни и овие, кои сега Заев ги вработува, а не поминуваат неколку илјади? За нив да ги вработи и да ја постигне „ситуацијата“ од 2016 – та, ќе мора да отпушти над 50.000 вемереовци, кои вие ги вработивте, потоа на примените 50.000 есдеесовци ќе мора да им пропише челична дисциплина и да ги тренира да бидат и контрадемонстранти, и земјоделци, и административци, и „независни патриоти“.

Следно, ќе мора да напечати (тајно) 130.000 лични карти, за есдеесовските гласачи, да ги смести по 50 – 60 во двособен стан, да оддели некој милион евра за гласачите од Пустец, да направи тајни структури во МВР за ликвидација, вршење притисок и други „теренски интервенции“ – како што ги правеше вемерето, како што беа расипувањето на лифтовите во Центар, заканите на новинари и граѓански активисти, местените судења, подметнување докази. Потоа, ќе мора да најде некоја НВО, но не од Сетинце, Попадинци и Крушоради, туку од струмичките села, за да поставуваат скулптури низ Скопје, „на своја сметка“. Само… Василевска треба да биде трпелива, оти сега нема толку „способни“ како во 2016 – та. Овие новиве едвај Ќосето го срушија, а не да поставуваат нови споменици по мракови.

Од каде на СДСМ толку голопртки?

Заев ќе треба да потпраша од тоа вемереовските функционери „how is made” – ќе му треба, ако сака да оди по Иванчето Василевска. Или, таа ќе го подучи – професорка е. Во полицијата ќе мора да ги даде овластувањата за интервенција на единиците за брзо распоредување на некоја партиска криминализирана голопртка, да стави „недоквакан – независен“ заменик министер, со добар стомак и 100% слепило, да ги премости сите команди на „Алфите“, да го исклучи системот за снимање на наредбите и камерите, да набави сателитски телефон, кој не може да го следат (не било така, а? Америте и таквите мобилки ги следеле, нели?) да ги зарази со вирус сите вработени, за да земат слободни денови пред некој „опасен настан“, да најде 5 пратеници, кои крволочните демонстранти ќе ги пуштат во Собрание за да убијат некого, македонски знамиња, со кои „фамилијата“ си го бришела задникот и стотина вемереовски убијци – ѓоа специјалци, кои со години си го бришеа задникот со Македонија… Ах, да. И стотина фантомки, глумец – стрвинар и еден … скоро … претседател. Проблем!!! Толку многу безумни голопртки нема во цело есдеес, а не е дека ги нема.

Сепак, тоа нема да биде доволно, оти нема кој да ја дигне војската на државен удар. Затоа ќе мора да му направи импичмент на Иванов и да закаже предвремени претседателски избори, за да намести некого со ист толкав коефициент на интелигенција и послушност, што (ќе признаете) не е лесно, со оглед на неговите правнички способности да помилува, да не дава мандати, да не потпишува закони. Кај ќе најде и уставни судии, кои го кршат уставот, за да го „испеглаат“ државниот удар? Не е ова „Ctrl Z“.

Потоа, Заев ќе мора да бара партиски безумници, затоа што треба да нарача шамари за градоначалникот на Кавадарци – „ама жешки“, да најде морончишта, кои „че си лежат“, да нарача рушење на зградите на Камчеви – ама со динамит, да го постави својот кумашин како шеф на Врховен суд, да го претвори МВР во МВРО, Уставниот суд во полски нужник, затворите во мачилишта, новинарите во затвореници, малолетниците во КП установите – во проститутки и принудни работници, градоначалниците во перачи на пари, урбанистичките власти во градежна мафија, Државниот завод за статистика во машина за фабрикување податоци, УЈП во казнена експедиција, царината во приватна сопственост на ДУИ…

Не му било лесно на Груевски, премиере. Ти ниту вода не можеш да му носиш. Жива вода ќе бидеш, па ако сакаш со гаќите од Ивона да го бришеп росното чело. Цела партија да ја собереш нема да најдеш толку „способни кадри“, без трунка морал, жал за својот народ и долна граница. Во тоа вемерето, римската курва Месалина како беден аматер би се чувствувала, да не ми замери Василевска.

Неспособните есдеесовци и Ctrl Z

Ај тоа и некако е можно. Но, што да прави со судиите? Да вработи стотина јадници со правен факултет од Кочани, кои на суд биле само инцидентно, да бидат судии во сите судски инстанци, да најде доволно кристали „Сваровски“ за судиите, да го расипе Акмисот, да најде доволно поштари за амбасадори, да го позајми тефтерчето од Гоца?

Не е тоа сè, црни пари требаат за тоа. Мито течеше и за тоа европската багра и за тој австрискиот фашистички напрченко и за сите тие агенции за пумпање рејтинг на „најреформската земја“ во светот и околината. Странски инвестиции со украдени пари – на кило, со субвенции – на тони. Чешка, Малдиви, Русија, Панама, Крпачи и бегалци во Грција – азиланти, златните. Заев ќе мора да пристапи на собирање доволно пари, за да ја врати ситуацијата од 2016 – та. Овие што ги има Заев, заедно со Анѓушев не се доволно ниту за семки, а не за такви „операции“, во кои и врвни странски државни функционери добија пари за кампањи, така? Говориме за ситуацијата од 2016 – та, за тоа заробената држава и за 4 до 5 милијарди украдени евра. За таа цел Заев, Алаѓозвски и Сарачини ќе мора да почнат со проектот „Скопје 2034 – та“ и да порачаат стотици скулптури, фонтани, галии, панорамски тркала, карусели, црквички… Ами приучени уметници, ами непрокопсани забрадени квази – архитекти и архитетки, ами креаторки на штитчиња и крпчиња, ами директорки кои сонуваат за „гумени“? Нема есдеес таква „способност“.

За таква кражба, Антикорупциската комисија ќе треба Заев „да ја реформира“ и во неа да најде есдеесовци со ланци на рацете, тотални сељаци, на кои презимето им е есдеес, како што на овие вашиве им беше вемере. Не верувам дека Заев ќе може да најде такови „капиталци“ како оние вашите, за претседатели на ова комисијава. Просто, такви „закривени простори“, со име „луѓе“, тешко се најдуваат, а само „талент“ открива „талент“. Како што вемерето ја открило Василевска, достојна наследничка на одвратната традиција.

Заев и есдеес не се способни како вас вемереовците, па за такво заробување на државата и за таков грабеж, ним ќе им бидат потребни барем 18 години, како што вам ви требаа 11 години. Што да се прави? Не се сите способни како вас вемереовците, а и не ќе е само до способноста, туку и до „ситуацијата“, која може (сега) да се сретне само во хорор филм и во Северна Кореја.

Ако ти фали ситуацијата од 2016 – та, те молам на колена: Оди си во Северна Кореја, каде ќе ја најдеш. Ако Мицковски се согласил на ваква глупост, земи го и него таму, можеби ќе го стават за директор на нивната електродистрибуција, а тебе за професор по ретроградна историја. Нема ништо да ви фали освен, можеби, Кочан, да ви го ископа патот до ѓаволот, кој ве тера крв да заговарате, ако општеството не се согласело дека вие сте цвеќиња за мирисање, против кои се дигнал цел свет душмани, и ако сите ние нормалните не земеме потврда од доктор дека халуцинираме, а само вашите хохштаплерски хокус – покус медиски мајмунарии се реалност.

Забораваш Иванке Василевска дека „лани“ ќе линчувавте и граѓанска војна организиравте, а сега кукавички ги терате децата од „Комитите“ да гинат за вашите гнасни интереси, за да си обезбедите „ситуација“ од 2016 – та, која никогаш повеќе нема да се случи, а тоа ќе ви биде алиби да не излегувате на избори, оти ќе бидете срамнати со земјата и ќе си одите кај што ви е местото: во сиромашната Македонска историја на постигнувањата и богатото минато на пакост, дерт и ретроградност, со едно заедничко име наречена: ВМРО.

Ве видоа сите, освен најниската багра соучесници, кои (сеуште) не фатија сончогледијада. Го знаеме рецептот на вемерето… сите го знаат. Од фекалилја не се прави торта, па биди најдобар мајстор на светот. Не после 2016 – та, пу, пу… да си плукнам в’пазуви.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...