Нема сообраќајни дозволи, ни државјанства, МВР објави тендер

697

Министерство за внатрешни работи вчера објавило оглас преку електронскиот систем за јавни набавки за набавка на сообраќајни дозволи, обрасци за возачки книшки, државјанства, обрасци за оружје, налепници, пробни тестови за автошкола.

Претходно МВР се соочи со недостиг од нови патни исправи, поради што владата препорача рестриктивни мерки за сите оние кои допрва ќе треба да добијат пасоши.

– Целокупната одговорност за хаосот во кој се наоѓа нашата држава, а чии последици најмногу ги трпат граѓаните ја има Оливер Спасовски кој бил должен да преземе мерки со кој ќе се спречат овие дејствија. Оливер Спасовски четири години не преземал конкретни мерки и активности за долгорочно решавање на проблемот со набавка на обрасците за личните документи и тоа е единствената причината поради која до ден денес не е решен проблем со недостаток на обрасци и издавање на лични документи што ќе предизвика и понатамошни последици – рече министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...