Во врска со денешниот грабеж во нашата филијала на улица „Јадранска магистрала“ во Визбегово, „Халкбанк АД Скопје“ информира дека нема повредени и дека ситуацијата е ставена под контрола од страна на надлежните институции кои работат на расветлување на случајот, соопшти Банката.
– „Халкбанк“ воедно ги известува сите свои клиенти дека нивните средства се осигурени согласно политиките на Банката, стои во соопштението.