Нема ништо конструктивно во вашиот прагматизам!

991

Не се согласував со надежите на шарените, подоцна ни со конструкциите на клиентите и апологетите, уште пред животот да добие форма и неговата суштина да стане евидентна. Ми беше јасно на невидено.

Сега кога е видено, сѐ што им останува е прагматизмот, култот кон прагматичноста, да се правдаат и демек така да нѐ замолчат. Дека сѐ е нужно, дека ништо не е драматично, дека сѐ добро се развива, дека ова е единствениот начин. Мајнд фак од епски пропорции, кој го убива дијалогот во општеството.

Со прагматизмот мора да оди и објективност, а не само селективност и субјективност. Ќе носиме политички одлуки, ќе гласаме „за“ тоа што е корисно за државата, без оглед од каде доаѓа предлогот. Ќе гласаме „против“ тоа што е штетно. Тоа не се случи.

Но, проблемот е голем, повторно сме поделени во самата интепретација на реалноста, кога кај многумина емоциите сѐ уште работат и тешко им е да си поверуваат што се случува. Повторно се трасира патот, преку неспособноста и тесните интереси, за некој нов, поголем и пострашен деструктивец.

Постои една системска грешка без оглед дали си режим, или неспособна власт зависна од странскиот фактор. И заевизмот се потпира само на себе и се поддржува само себе, се гласа само себе си, се препознава само себе си.

Човек не може да отиде над себе, човек не се надминува, тој е тоа што е. Но, во политиката, секогаш може да се биде над себе. Се вика суперпартес, некој што обединува, што е еднаков кон сите, што не гледа само за себе, за своите логики, луѓе и партија.

Нема ништо конструктивно во вашиот прагматизам.

(ФБ статус на авторот)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...