Нема никакви привилегии за шведските политичари, патуваат во преполни автобуси и возови

Таа додава дека политичарите во Шведска немаат право на пратенички имунитет, односно дека може да им се суди како и на секој друг жител. Бразилската новинарка објаснува и дека шведските функционери најчесто работат во канцеларии помали од осум квадратни метри.

727

Новинарката Клаудија Волин од Бразил, која од 2003 година живее во Шведска, во една своја неодамнешна репортажа опишува како изгледа животот на политичарите во оваа скандинавска држава.

– Ова може да звучи чудно за луѓето кои живеат во други земји, но Шведска не нуди никаков луксуз или привилегии за своите политичари. Без службени автомобили или приватни возачи, шведските министри и пратеници патуваат во преполни автобуси и возови, исто како и граѓаните чии интереси ги претставуваат – пишува Волин во својот текст.

Таа додава дека политичарите во Шведска немаат право на пратенички имунитет, односно дека може да им се суди како и на секој друг жител. Бразилската новинарка објаснува и дека шведските функционери најчесто работат во канцеларии помали од осум квадратни метри.

– Јас сум оној кој ги плаќа политичарите. Не гледам причина зошто ние како граѓани би им овозможиле луксузен живот – вели Јоаким Холм, шведски државјанин од кого новинарката зела изјава.

Волин во својот текст нагласува дека политичарите кои ќе се осмелат да трошат јавни пари за такси, наместо за возење со воз, завршуваат на насловните страници на весниците. Дури и претседателот на парламентот добива картичка за користење на јавниот транспорт, пишува Волин, а пренесува порталот „Индекс“.

Таа исто така објаснува дека само премиерот на Шведска има право трајно да користи автомобил и лично обезбедување.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...