Нема напредок во преговорите помеѓу лидерите Зоран Заев и Христијан Мицкоски и нивните тимови, на лидерската средба која вечерва се одржува во Собранието на Македонија.
Како што велат опозициски извори, претставниците на власта во вечерашните разговори со нивните ставови ги враќаат преговорите на почетни позиции.
Телевизиите јавија дека во моментов преговарачките тимови користат пауза.
Вечерва се очекуваше двата тима предводени од Заев и од Мицкоски да најдат решение за Законот за јавно обвинителство, како и да разговараат за предвремени избори.
Фото: МИА