Жената која синоќа беше примена на Клиниката за инфективни болести во Загреб нема коронавирус, соопшти утринава дежурната лекарка Даворка Лукас, пренесоа хрватските медиуми.
– Нејзиниот наод е негативен – рече докторката за Хина, откако биле спроведени дијагностика и обработени брисевите кои требало да го отстранат сомневањето за инфекција со коронавирус.
Дежурната докторка уште кажа дека 42-годишната жена, која кратко престојувала во Кина, се наоѓа во добра општа состојба, дека има само поблаги симптоми, зголемена температура и кашла.
Сопругот на пациентката, со кого пред четири дена се вратиле од Кина, претходно веќе бил тестиран, а и неговиот наод бил негативен.
На Клиниката на инфетиктивни болести вчера беа примени уште две машки лица, но и кај двајцата било утврдено дека не се заразени со коронавирус.
Во Хрватска досега не е регистриран ниту еден случај на заболен од короновируска инфекција.