Нема изјава од Путин ако новинарот има покачена телесна температура

316
ФОТО: EPA / ALEXEY NIKOLSKIY /SPUTNIK / KREM

Кремљ денеска соопшти дека систематски ќе им мери температура на учесниците на собири и состаноци на кои е присутен претседателот Владимир Путин како превентивна мерка во борбата против новиот коронавирус.

– Тоа е мерка на претпазливост – изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, откако пред официјален настан денеска на новинарите им беше измерена температура.

Од почетокот на епидемијата на новиот коронавирус во Кина, Русија презеде серија мерки, меѓу кои и затворање на копнената граница со Кина, долга 4.250 километри.

ФОТО: EPA / ALEXEY NIKOLSKIY /SPUTNIK / KREM

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...