Нема докази дека фронтменот на „Продиџи“ се самоубил

Порано беше објавено дека Флинт, кој беше пронајден мртов во својот дом во Есекс  на 4 март, извршил самубиство со бесење.

932

Официјалното соопштение за смртта на Кејт Флинт, фронтменот на бендот „Продиџи“ кое е објавено во средата покажало дека нема доволно докази дека неговата смрт би можела да се прогласи за несреќа или самоубиство, јавуваат британските медиуми.

Порано беше објавено дека Флинт, кој беше пронајден мртов во својот дом во Есекс  на 4 март, извршил самубиство со бесење.

Но, новиот токсиколошки наод покажал дека музичарот за време за самоубиството во организмот имал непознати количини кокаин, алкохол и кодеин.

– Никогаш нема да бидеме сигурни што му било во главата тој ден. Дали само се шегувал кога сѐ отишло во погрешна насока – рекла патолог Каролин Беслеј- Мареј.

Таа истакнала дека ги земала предвид и самоубиството и несреќниот случај, но бидејќи немало доволно докази својот наод го оставила без конкретен заклучок.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...