Нема веќе заглавени документи во фиока, проработи Националниот портал на услуги

Покрај брзината за добивање услуга и заштедата на време во клучните придобивки министерот Манчевски го потенцира и намалувањето на корупцијата.

831

Преку Националниот портал за електронски услуги што е пуштен официјално во употреба денеска, граѓаните со една најава, корисничко име и лозинка, ќе можат да добијат различни услуги во електронска форма.

„Секогаш први на ред, нема повеќе – кој ќе чека пак“, е пораката за новиот портал од Министерството за информатичко општество и администрација, што ги реализираше активностите во најголем дел со финансиска помош од Европската унија.

– На порталот uslugi.gov.mk во електронска форма се достапни 127 услуги од 28 институции. Во иднина тој број ќе се зголемува со оглед дека на располагање се 1.300 услуги – информира ресорниот министер Дамјан Манчевски на промоцијата.

Тој како што рече бројот на услуги ќе се зголемува, а до крајот на годината ќе се зголему за уште 20.

-Важно е да се напомене дека услугата за добивање инвертери ќе се реализира само преку порталот.за тоа ќе бидат дадени информации наскоро- рече Манчевски.

Покрај брзината за добивање услуга и заштедата на време во клучните придобивки Манчевски го потенцира и намалувањето на корупцијата.

-Точно ќе се знае кај е одреден документ и ќе нема веќе заглавени документи во фиоките – рече Манчевски.

Тој најави дека грешките што ќе се установат за време на работењето на порталот, граѓаните да ги пријавуваат за да се отстранат навреме.

На промоцијата премиерот Зоран Заев рече дека за видливите резултати од оваа електронска платформа претходеа повеќе активности, технички решенија и регистри.

– Денес сите услуги можете да ги најдете на едно место. Голем дел од услугите се дигитализирани. На поратлот ќе се плаќаат и надоместоците и административните такси. Од денеса ќе можат да се добијат потврди од Министерството за труд и цоцијала, од Агенцијата за вработување М1 и М2 како и низа други – рече Заев.

Заев  ги повика институциите редовно да ги евидентираат услугите и активностите за да можат граѓаните да користат што поголем број од нив.

Порталот е лесен за употреба и за лицата со попреченост.

Заедно со порталот објавен е и каталог на услуги, а порталот е достапен на македонски, албански и англиски јазик. Пристап до него имаат домашни и странски лица. Порталот е сочинет од јавни и приватни дел.

На јавниот дел можат да се добијат сите услуги без најава и идентификација, но приватниот дел е достапен само за евидентирани и регистрирани лица.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...