Мистеријата зошто папата ги тргаше рацете кога верници се обидоа да ги бакнат конечно е откриена. Папата не сакал да шири бактерии, пренесува „devdiscourse“.
– Во прашање беше хигиената – изјавил портпаролот на Ватикан, Алесандро Џизоти.
Снимката од папата како ги трга рацете стана хит на интернет, а беше дел и од неколку комични шоуа во САД.