Неквалитет и високи цени не поминуваат кај странските инвеститори (ВИДЕО)

Вратите на странските инвеститори во ТИРЗ се отворени за соработка. Треба да се излезе од канцеларија да се чукне на нив и да се понуди нешто што другите не го понудиле, вали претседателот на Соватот на странски инвестиори Штефан Петер.

431

Нискиот квалитет на производите, високите цени, неможноста да се промени нарачката, непочитување на времето на испораката, начинот на плаќањето и непочитувањето на стандардите се дел од причините за ниското нивото на соработка на домашните компании со странските инвестиртори во Технолошо-индустриските зони, покажала анкетата направена за проектот „Зголемување на конкурентноста на домашните мали и средни претпријатија со цел подобрување на нивната соработка со странските инвеститори – Можности и предизвици“ во кој учествуваат Советот на странски инвеститори, Стопанската комора и Машинскиот факултет.

– Анкетиравме компании кои не се обиделе да воспостават контакт, кои успеале да направат соработка и компании кои планираат да соработуваат.Резултатите покажуваат дека првите не ги исполнуваат стандардите и немаат соверемена технологија не се доволно организирани, а вторите дека имаат низок квалитет и високи цени – вели професор- доктор Робер Миновски кој е водечки партнер во проектот.

За деканот на Машинскиот факултет, Дарко Данев моментната соработка на домашните компании со странските инвестиции и со образовните институции е како движење на три воза на три колосеци кои возат со различна брзина.
Но, вели тој тоа може да се промени со ангажирањето на заинтереисрани страни и пронаоѓането на точките каде што соработката може да се реализира.

Претседателот на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора Штефан Петер вели дека компаниите не треба да чекаат некој да дојде кај нив и да побара соработка.

– Вратите на странските инвеститори во ТИРЗ се отворени за соработка. Треба да се излезе од канцеларија да се чукне на нив и да се понуди нешто што другите не го понудиле. На пример бесплатен превоз на производот, изработка само на дел од прозиводот или пониска цена, побрза испорака или да речеме подобар производ од конкуренцијата. Треба да се убеди идниот клиент зошто реба да го прифати вашиот производ – вели Петер.

Тој смета дека најважно за соработката е подготвеноста да се редизајнира производот за да се прилагоди на идниот клиент.

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, пак подобрување на соработката меѓу домашните компании и странските инвестиции во ТИРЗ која сега е на ниво под 1 отсто, гледа во новите инвеститори кои, сега се инсистира да бидат производители на краен производ, а не добавувачи на делови за големи компании.

– Сегашните странски инвестиции лоцирани во ТИРЗ не произведуваат краен производ туку се во средината на производниот синџир и затоа тешко можат да го променат производот и добавувачот, кој во случајот би требало да биде домашна фирма. За да го променат производот тие треба да добијат дозвола од компаниите за кои го обезбедуваат делот, а тоа оди тешко. Секоја промена во производот за овие компании е загуба која ние се обидуваме да ја пополнуме како влада со поддршка на инвеститорите од една страна и на домашните компании за технолошки развој и конкурентност- вели Анѓушев.

Според него, нема магично стапче со кое може да се развие соработката меѓу домашните компании и странските инвеститори туку треба напорна работа.
Како проблем кој требада се решава на две нивота преку брзи мерки и стратешка промена на образовниот систем е расчекорот меѓу понудата на работници и она што го бараат компаниите.

Искуството на директорот на ЕВН, Петер кое го презентира на денешната конференција е компаниите да не чекаат некој да го решава проблемот, туку самите да инвестираат во подготва на кадри за своите идни проекти.

– ЕВН веќе има соработка со Машинскиот факултет за образование на 38 студенти, а имаме и обучено 50 акредитирани обучувачи за училиштата кои ќе ни обезбедат кадар – информира Питер.

Во однос на образованиетот на соодветен кадар, вицепртемиерот Анѓушев најави дека владат ќе финасира преквалификација на потребниот кадар, но како што рече ќе ги обвре компаниите да потпишат договори дека оние кои ќе се преквалификуваат и ќе бидат вработени.

На конференцијата беа презентирани и успешни приказни ан соработка на домашни компании со странски инвеститори.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...