Неиспраниот џемпер на Курт Кобејн е продаден за 334.000 долари ФОТО

Џемперот го продаваше пејачот гарет Клетијан, кој пред четири години го купил за 137 500 долари.

106

На аукцијата во Њујорк, џемперот со дамки и изгорен на места со цигари е продаден за 334.000 долари. Џемперот го продаваше пејачот Гарет Клетијан, кој пред четири години го купил за 137.500 долари.

Заедно со џемперот се продава и писмо кое го напишала Џеки Фери, пријателка на Кортни Лав и дадилка на нивната ќерка Франсис Бин Кобејн, која го добила џемперот од Кортни по смртта на Кобејн.

Курт Кобејн изврши самоубиство на 5 април 1994 поради депресија и зависност од хероин.

FOTO: Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...