Без грам срам, обвинителите од СЈО реагираат зошто парите предвидени за СЈО се пренаменуваат за избори. Тие пари биле наменети за нив и тие требало повторно и понатаму сами да си ги делат. Цццццц. И овој невиден бесрамлук го видовме.
Па добро бре имаат ли барем малку образ? Наместо да ги вратат средствата кои неосновано дополнително си ги делеле, тие бараат уште, уште и уште.
А сите видовме и слушнавме како работеле, како се гоштевале, згора на тоа и голем број од обвиненијата им се поднесени реда-ради, траљаво и нестручно сработени, со многу свесни или несвесни пропусти.
За жал, големи се шансите и еден поголем дел од поднесените обвиненија да им паднат во вода. И наместо да се срамат за сето тоа како и за изгубената доверба кај граѓаните, тие бараат уште и уште.
Е така е кога нема саглам ,,домаќин” во државава. Да имаше некој кој ќе им тропне на маса и јавно да им згрми дека за сите свесни и несвесни пропусти во работата треба да одговараат заедно со нивната шефица, немаше вака незаситно и бесрамно да се однесуваат.
П.С. Жално е што оние неколку совесни обвинители во СЈО не собраа храброст јавно да се оградат од ова срамно барање.